За да може моторно возило да учества во сообраќајот на патиштата, задолжително треба да регистрирано, да биде означено со налепница за извршена регистрација, и да биде означено со пропишани регистарски таблици. Регистрација на возилата се врши со впишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот на возилото во евиденцијата за регистрирани возила.
Регистрација на возила се врши по поденесено барање за регистрација на возила. Барањето го поднесува сопственикот, односно корисникот на возилото, до надлежната организациона единица на Министерството за внатрешни работи или до овластено правно лице за вршење технички преглед на возила, по исполнување на условите утврдени со закон и констатирана техничка исправност на возилото, освен за возила за кои техничкиот преглед не е задолжителен.