Технички преглед
Редовната проверка на возилата е нешто кое ја гарантира сигурноста и безбедноста во сообраќајот. Безбедноста на патиштата, регуларноста и заштитата на животната средина се дел од целите кои се зададени од страна на законодавецот и европските директиви со периодичниот технички преглед.
Современ
простор
Квалитет
Безбедност
Сертифициран
Сервис
Видови технички преглед
Технички прегледи:
- Редовни технички прегледи
- Вонредни технички прегледи
Повеќе за технички преглед
Возила што се вклучени во сообраќајот на патиштата, со исклучок на мотокултиватори и работни машини, задолжително се прегледуваат на првиот и на периодичните технички прегледи.
Вонредните технички прегледи се вршат над возила упатени со писмен налог од овластено службено лице , во случаи и на начин утврдени со закон , заради изведување на нивна проверка. Извршениот вонреден технички преглед не влијае на рокот за извршување на периодичните технички прегледи.

