Хомологација – одобрување на возилата

Постапката Единечно одобрување (“хомологација”) се спроведувa при увоз на возила (нови и половни).

01

Современ
простор

Високо софистицирана опрема
02

Квалитет
Безбедност

Сигурен и безбеден сервис
03

Сертифициран
Сервис

Сертифицирани услуги и стандарди

Постапка

Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали возилото ги исполнува техничките барања пропишани со националната законска регулатива.

Дополнителни информации

  • дополнително вграден уред за погон на ТНГ (плин),
  • дополнително вградување на влечен уред (кука) за приколка,
  • дополнително вградување на затемнети фолии.

Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:

  • нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
  • возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во
    Р.Македонија.

При позитивно извршена постапка за идентификација или позитивно извршена постапка за идентификација и оцена на техничката состојба за возилото се издава Согласност за регистрација.

Оваа постапка се врши проверка на посебните техничко-експлоатациони услуви кои треба да ги исполнуваат возилата за одделни видови на превоз во патниот сообраќај, и тоа:

  • возила за авто такси,
  • автобуси за општински, меѓуопштински и меѓународен превоз на
    патници,
  • комби возила за превоз на патници до 8+1 седишта
  • возила за превоз на товар

Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали возилото ги исполнува техничките барања пропишани со националната законаска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови и техничките карактеристики на моторните возила.

Автоконтрол