При одјава/пријава на возилото, постапката е следна:

Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано, односно издадена регистарската таблица. За да едно возило биде одјавено потребно е:

  1. Барање за одјава кое се добива на шалтерите за регистрација во Авто-Контрол;
  2. Сообраќајна книшка од возилото;
  3. Лично присуство на лицето кое го одјавува возилото;
  4. Регистарски таблици од возилото;
  5. Доколку се работи за правно лице кое одјавува возило, тогаш е потребно полномошно на лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице
  6. Го одјавува сопственикот на возилото, лично во службите на МВР (Авто-Контрол)

Новиот сопственик го пријавува возилото во местото на живеење, додека потребни документи се следниве:

– Одјавена сообраќајна книшка на која има заверка дека возилото е одјавено;

– Лично присуство на сопственикот;

– Барање за пријава.