МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА (МВД)
За издавање на МВД (Меѓународна возачка дозвола) потребно е следново:
- Важечка национална возачка дозвола од корисникот.
- Лична карта или пасош од корисникот.
- Две фотографии од корисникот (35 х 45 мм).
- Потврда од МВР.
- Важноста на МВД ( Меѓународна возачка дозвола) е 3 години, со исклучок, доколку важноста на националната дозвола е помала од 3 години, тогаш важноста на МВД е до истекот на важноста на националната возачка дозвола.
ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО)
За издавање на ДТВ ( Меѓународно полномоштво) потребно е следново:
- Задолжително присуство на давателот на одобрението и на примателот на одобрението .
- Лична карта од сопственикот на возилото.
- Сообраќајна книшка од возилото.
- Пасош од примателот на меѓународното одобрение.
- За лица со привремен престој во РМ се издава меѓународно одобрение доколку лицето има регулирано привремен престој кај надлежниот орган ( Уверение од секторот за странци од надлежниот орган на МВР).
- Важноста на одобрението е 1 година.
- Меѓународно одобрение се издава на возачи за управување на возило од правно лице (фирма), врз основа на писмено барање од страна на овластено лице со потпис и печат.
- Важноста на одобрението е 1 година, но временскиот рок може да биде пократок доколку бара сопственикот на возилото.
НАПОМЕНА: ДТВ не може да се издава со полномоштво од нотар без присуство на давателот!!!