МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА (МВД)

За издавање на МВД (Меѓународна возачка дозвола) потребно е следново:

  1. Важечка национална возачка дозвола од корисникот.
  2. Лична карта или пасош од корисникот.
  3. Две фотографии од корисникот (35 х 45 мм).
  4. Потврда од МВР.
  5. Важноста на МВД ( Меѓународна возачка дозвола) е 3 години, со исклучок, доколку важноста на националната дозвола е помала од 3 години, тогаш важноста на МВД е до истекот на важноста на националната возачка дозвола.

 

ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО)

За издавање на ДТВ ( Меѓународно полномоштво) потребно е следново:

  1. Задолжително присуство на давателот на одобрението и на примателот на одобрението .
  2. Лична карта од сопственикот на возилото.
  3. Сообраќајна книшка од возилото.
  4. Пасош од примателот на меѓународното одобрение.
  5. За лица со привремен престој во РМ се издава меѓународно одобрение доколку лицето има регулирано привремен престој кај надлежниот орган ( Уверение од секторот за странци од надлежниот орган на МВР).
  6. Важноста на одобрението е 1 година.
  7. Меѓународно одобрение се издава на возачи за управување на возило од правно лице (фирма), врз основа на писмено барање од страна на овластено лице со потпис и печат.
  8. Важноста на одобрението е 1 година, но временскиот рок може да биде пократок доколку бара сопственикот на возилото.

НАПОМЕНА: ДТВ не може да се издава со полномоштво од нотар без присуство на давателот!!!