При одјава/пријава на возилото, постапката е следна:
Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано, односно издадена регистарската таблица. За да едно возило биде одјавено потребно е:
- Барање за одјава кое се добива на шалтерите за регистрација во Авто-Контрол;
- Сообраќајна книшка од возилото;
- Лично присуство на лицето кое го одјавува возилото;
- Регистарски таблици од возилото;
- Доколку се работи за правно лице кое одјавува возило, тогаш е потребно полномошно на лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице
- Го одјавува сопственикот на возилото, лично во службите на МВР (Авто-Контрол)
Новиот сопственик го пријавува возилото во местото на живеење, додека потребни документи се следниве:
– Одјавена сообраќајна книшка на која има заверка дека возилото е одјавено;
– Лично присуство на сопственикот;
– Барање за пријава.