Моторните возила со кои се врши внатрешен и меѓународен превоз на патници и стока по определен период на експлоатација мора да се подложат на испитување заради утврдување на тех. карактеристики во поглед на носечката конструкција и каросерија, моторот, системот за кочење, системот за управување и системот за греење и вентилација и тоа:
1.Автобусите со кои се врши меѓумесен и меѓународен превоз на патници постари од 10 години.
2.Автобусите со кои се врши градски и приградски превоз на патници постари од 12 години.
3.Комби возилата со кои се врши превоз на патници (линиски и слободен) постари од 10 години.
4.Патничките возила наменети за авто-такси превоз на патници постари од 10 години.
5.Товарните возила за превоз на стока постари од 16 години.
Испитувањето на наведениве возила се врши на секои 2 години во станиците за технички преглед.