Овие возила покрај условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди мора да ги исполнуваат и следниве посебни техничко – експлоатациони услови, односно мора да имаат:
1.Врата за влегување и излегување на патниците од десната страна на возилото;
2.Разгласен уред за известување на патниците;
3.Исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291 К и уред за вентилација и
4.Физичка преграда меѓу просторот за стока и просторот за патници.
Со комби возилата со кои се врши превоз на патници во истиот простор не може да се превезува живина и добиток.