Со комби возилата можат да се превезуваат само онолку патници колку што има места за седење.
Патничките моторни возила наменети за авто-такси превоз на патници покрај општите услови и стандарди треба да ги исполнуваат и следниве посебни техничко-експлоатациони услови, односно треба да имаат:
- Најмалку 4 бочни врати;
- Исправен уред за греење и за вентилација;
- Потребен простор за багаж за патниците;
- Сигурносни појаси и за патниците;
- Исправен радио апарат;
- Исправен алармен уред кој се сктивира од седиштето на возачот, или инсталиран алармен сигнал во радио станиците и исправна радио станица.
Натписот TAXI се истакнува на покривот на возилото на пластична табла со жолта основа со црн раб и црни букви.Мора да биде осветлен од внатрешната страна, читлив од предната и задната страна и синхронизиран со таксиметарот. Таблата со натписот е во форма на пресечена пирамида со правоаголна основа со димензии на страните на основата 350 х 160 мм., на горната површина 250 х 80 мм. со заоблени рабови, висина 120 мм. и дебелина на работ на таблата 15 мм. Големината на буквите е 40 х 70 мм. со дебелина на буквите 10 мм.