Постапката за одобрување на преправено возило се изведува на возила кои се преправени во однос на фабричката изведба, конструктивни преправки на возилото, промена на делови и склопови на возилото и дополнително вградување на делови и склопови на возилото, како што се:
промена на надградба на возилото,
дополнително вградување или отстранување на седишта,
промена на погонскиот мотор со друг тип на мотор кој е предвиден од производителот за вградување во конкретниот тип на возило,
утврдување на масени и геометриски параметри на возилото,
дополнително вграден уред за погон на ТНГ (плин),
дополнително вградување на дупли команди за возила за авто-школа,
дополнително вградување на влечен уред (кука) за приколка,
дополнително вградување на кран или товарна платформа,
дополнително вградување на затемнети фолии.
Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали вградените уреди на возилото и возилото како целина ги исполнува техничките барања пропишани со националната законска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потвда за сообразност на преправено возило, документ со кој во сообраќајната дозвола се впишуваат настанатите промени на возилото.