ХОМОЛОГАЦИЈА – ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА

Постапката Единечно одобрување (“хомологација”) се спроведувa во
следните случаи:
· При увоз на возила (нови и половни)

1. За возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа.

2. За уникатно возило, за возило за специјална намена, кое, како и за возило во последната фаза од повеќефазно одобрувањe за возилата опфатени со Правилникот за единечно одобрување на возила (Службен весник на Република Македонија бр. 16/2010) и неговите измени и дополнувања.

3. За возило чиј што тип е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, или постои одобрение на типот во Република Македонија, но истото
не било регистрирано, а е преправено, односно на возилото била извршена промена која:

  • ги опфаќа податоците кои се евидентираат во постапката за регистрација на возилото; бара промена на категоријата на возилото;
  • влијае на одобрените составни делови, системи и самостoјни технички единици, односно
  • влијае или може да влијае на безбедноста на возилото.

ПОСТАПКА:
· Возилото и приложената документација се прегледуваат и странката се известува за натамошните фази во постапката и начинот на кој ќе биде информирана за превземањето на
готовите документи. Странката се информира за начинот на плаќање за извршената услуга.

ЦЕНОВНИК
· Доколку врз основа на извршениот преглед на возилото од постапката се констатира дека постои целосна усогласеност со барањата за одобрување, Техничката служба до органот за
одобрување, Биро за метрологија, поднесува извештај во кој се потврдува дека единечно прегледаното возило ги исполнува пропишаните барања.
· Во спротивно, доколку констатира дека возилото не ги исполнува пропишаните барања, техничката служба до органот за одобрување доставува известување за прекинување на
постапката во кое се наведeни причините за прекинување. Известување за прекинување на постапката се доставува и до подносителот на барањето.
· Врз основа на добиено одобрение за единечно возило издадено од Органот за одобрување, Техничката служба Авто контрол сервис на барателот му издава документ “Потврда за
сообразност за единечно одобрено возило”.
· Потврдата за сообразност на единечно одобрено возило се предава при регистрацијата на возилото.

ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНКА НА ТЕХНИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВОЗИЛАТА
Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:

· нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
· возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во
Р.Македонија.

При позитивно извршена постапка за идентификација или позитивно извршена постапка за идентификација и оцена на техничката состојба за возилото се издава Согласност за егистрација.

ОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕПРАВЕНИ И ПОПРАВЕНИ ВОЗИЛА (АТЕСТИ)
дополнително вграден уред за погон на ТНГ (плин),
дополнително вградување на влечен уред (кука) за приколка
дополнително вградување на затемнети фолии.

ПРОВЕРКА НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИ УСЛОВИ НА ВОЗИЛО
оваа постапка се врши проверка на посебните техничко-експлоатациони услуви кои треба да ги исполнуваат
возилата за одделни видови на превоз во патниот сообраќај, и тоа:
o возила за авто такси,
o автобуси за општински, меѓуопштински и меѓународен превоз на
патници,
o комби возила за превоз на патници до 8+1 седишта
o возила за превоз на товар

Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали возилото ги исполнува техничките барања пропишани со националната законаска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови и техничките карактеристики на моторните возила.