Автоодговорност

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Во моментот соработуваме со следните осигурителни компании:

EuroLink осигурување

АД Осигурителна Полиса

Winner осигурување

Нова осигурување

Croatia осигурување

*Полисите можат да се реализираат на рати

Зелен Картон

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

ПРЕМИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЗЕЛЕН КАРТОН

Возило Цена
Патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден.
Патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден.
Патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 ден.
Патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.
Влечни возила, специјални возила, приклучни возила и работни возила 5.536 ден.
Товарни возила и автобуси 17.222 ден.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.