Товарните и приклучните возила наменети за јавен превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, покрај условите пропишани со прописите за безбедноста во сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди за одделни видови превоз на стока, мора да ги исполнуваат и посебните техничко – експлоатациони услови. Овие возила на надворешната страна од вратите мора да имаат истакнат назив и седиште на превозникот на кој му припаѓа возилото, како и носивост и сопствена маса.

 

Податоците се испишуваат на македонски јазик со кирилско писмо, а доколку со возилото се врши и меѓународен превоз на стока може да бидат испишани и на еден од светски признатите јазици. Буквите, односно нивната боја мора да се разликува од основната боја на возилото.