Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила)

 

Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во меѓумесниот и меѓународниот патен сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:

1.Правилно прицврстени, нумерирани, исправни и чисти седишта;

2.Исправен радиоапарат и разгласен уред заизвестување на патниците;

3.Корпи за отпадоци и средества за дезинфекција;

4.Исправен уред за загревање на автобусот од најмалку 291ͦ К;

5.Исправен уред за вентилација;

6.Завеси за заштита од сонце, доколку стаклата не обезбедуваат таква заштита;

7.Пластични хигиенски кеси за потребите на патниците и

8.Простор за багаж од 0,15 м2 по секое седиште.

 

Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот градски и приградски сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:

1.Правилно прицврстени и чисти седишта според пропишаните стандарди;

2.Исправен уред за загревање на внатрешноста од автобусот од најмалку 291ͦ К;

3.Потребен број фиксни и одреден број подвижни држачи за раце;

4.Три двоканални врати за влегување, односно излегување на патниците од десната страна на возилото;

5.До излезните врати да имаат инсталирано уред за сигнализирање на потребата за излез;

6.Средства за дезинфекција;

7.Доколку во возилото нема кондуктер треба да имаат две влезни врати опремени со уреди за наплата или уреди за поништување на билетите.

 

Комби возилата со најмногу 9 седишта сметајки го и седиштето на возачот со кои се врши јавен превоз на патници на определени релации во меѓумесниот или приградскиот сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлотациони услови:

1.Да имаат врата за влегување и излегување на патниците од десната страна;

2.Разгласен уред за известување на патниците;

3.Исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291ͦ К и

4.Исправен уред за вентилација.