Со комби возилата можат да се превезуваат само онолку патници колку што има места за седење.

Патничките моторни возила наменети за авто-такси превоз на патници покрај општите услови и стандарди треба да ги исполнуваат и следниве посебни техничко-експлоатациони услови, односно треба да имаат:

 

  1. Најмалку 4 бочни врати;
  2. Исправен уред за греење и за вентилација;
  3. Потребен простор за багаж за патниците;
  4. Сигурносни појаси и за патниците;
  5. Исправен радио апарат;
  6. Исправен алармен уред кој се сктивира од седиштето на возачот, или инсталиран алармен сигнал во радио станиците и исправна радио станица.

 

Натписот TAXI се истакнува на покривот на возилото на пластична табла со жолта основа со црн раб и црни букви.Мора да биде осветлен од внатрешната страна, читлив од предната и задната страна и синхронизиран со таксиметарот. Таблата со натписот е во форма на пресечена пирамида со правоаголна основа со димензии на страните на основата 350 х 160 мм., на горната површина 250 х 80 мм. со заоблени рабови, висина 120 мм. и дебелина на работ на таблата 15 мм. Големината на буквите е 40 х 70 мм. со дебелина на буквите 10 мм.