Овие возила покрај условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди мора да ги исполнуваат и следниве посебни техничко – експлоатациони  услови, односно мора да имаат:

1.Врата за влегување и излегување на патниците од десната страна на возилото;

2.Разгласен уред за известување на патниците;

3.Исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291 К и уред за вентилација и

4.Физичка преграда меѓу просторот за стока и просторот за патници.

Со комби возилата со кои се врши превоз на патници во истиот простор не може да се превезува живина и добиток.